Контроверзен, скандалозен, интертекстуален, на моменти и нечитлив, но секако духовит и забавен, Улис е несомнено ремек-дело на модернизмот од XX век. Патувањето почнува и трае еден ден – 16 јуни 1904 година (датум на кој Џојс ја запознава својата сопруга Нора Барнакл) – во животот на тројца Даблинци: продавачот на огласи, Леополд Блум, поетот Стивен Дедалус и Моли Блум, сопругата на Леополд. Нивните патешествија, мисли и средби ја создаваат основата на наративното дејство: славење на сето човечко искуство преку животите на одредени поединци кои се нашле на одредено место во одредено време.
Маргарет Атвуд – Приказната на робинката
600,00 ден„Тонам длабоко во своето тело како во бара, мочуриште, во кое само јас знам каде да стапнам. Предавничко тло, моја територија. Станувам земјата на која го ставам увото за да ги слушнам озборувањата од иднината.“ „Јас сум облак, згуснат околу еден средишен предмет во форма на крушка, којшто е цврст и повистинит од мене и руменее внатре во својата проѕирна обвивка. Внатре има простор, голем како небото; ноќе, темен и кривулест, повеќе црвено-црн одошто црн. Точките светлина набабруваат, болскотат, прскаат и свенуваат во него, безбројни како ѕвездите. Секој месец се појавува месечина, огромна, тркалезна, тешка, зол предзнак. Преминува, застанува, продолжува и заминува, а јас го гледам очајот како доаѓа кон мене како глад. За да се почувствувам толку празна, повторно, повторно. Си го слушам срцево, бран по бран, солен и црвен, продолжува и продолжува, го означува времето.“