Славата и безличноста, вистината и лагата се провлекуваат низ сите девет епизоди од овој остроумен и смешен роман полн изненадувања што веднаш ќе ве плени, во кој патиштата се вкрстуваат, заплетите се усложнуваат, ликовите стануваат вистински луѓе, а вистинските луѓе се преобразуваат во ликови. Резултатот е едно импресивно виртуозно дело на еден од најдобрите млади автори во Европа. Деветте приказни се преплетуваат кога еден случајно помешан телефонски број ќе предизвика низа недоразбирања и кражби на идентитетот помеѓу главните ликови, така што нивните животи се преплетуваат во една заедничка, зачудувачка приказна, преполна со иронија, очај и хумор, заради кои ова неповторливо книжевно дело оправдано се споредува со делата на големите автори, како Сартр и Ками.
Томислав Османли – Стрип – деветтата уметност
500,00 денВо „Стрип – деветтата уметност“, како што загатнува насловот, Османли хируршки прецизно ја обработува стриповската полисемичност, внимателно анализирајќи го неговиот јазик и законитостите што го прават стрипот засебна уметност, и темелно истражува низ неговото минато доловувајќи дел од најбитните дела од деветтата уметност. Наспроти општото непрецизно мнение за стрипот како ништо повеќе од жанровска определба, засилено од холивудскиот тренд за филмување американски стриповски суперхерои, Османли одговара со пробивање на жанровските и тематски стеги и оди отаде стилските лимитации. И, водејќи се од мислата на стрип класикот Берн Хогарт за тоа дека „стрипот не треба да се бори да стане уметност, зашто тој веќе е тоа, но треба да се бори за неговото рамноправно место меѓу другите уметности“, Османли ѝ пристапува на оваа уметност како на (вистинска) уметност – академски, со сериозна посветеност и задлабочено.
Александар Стеванов