Хаибунот е хибриден жанр, сочинет од проза и хаику-поезија. На почетокот од еден од најпознатите јапонски хаибуни Oki-no-hosomichi, хаику-мајсторот Мацуо Башо (1644-1694) потсетува дека сите феномени во природата (од сонцето и месечината до годишните времиња) се „вечни патници“, така што и писателот во традиционалниот хаибун се доживува себеси пред сè како патник. Настанат како патописен жанр, хаибунот постепено добил мошне широк жанровски опсег, кој вклучува повеќе прозни облици: дневник, автобиографија, песна во проза, краток расказ, есеј, запис… Современиот хаибун најчесто се фокусира на секојдневните искуства, како во природата, така и во урбаниот амбиент. Хаибунот неретко се споредува со уметноста на скицирањето. Овој жанр се дефинира како „наратив на епифанијата“: секојдневните настани, најчесто раскажувани во сегашно време, се прикажуваат како еден вид откровенија, како дел од едно „вечно сега“, кое се доловува пред сè преку комбинирањето на можностите на прозниот и поетскиот дискурс. Меѓу другото, оваа книга на Владимир Мартиновски го најавува интересот за овој древен жанр и во македонската современа книжевност.
ГЛАДОМОРЈЕ од Јована Матевска Атанасова
300,00 ден„Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.