300,00 ден

Витолд Гомбрович – Бакакај

Збирката раскази „Бакакај“ ги содржи раните творби на Гомбрович. Тоа првото дело што го објавил Гомбрович под насловот „Мемоари од пубертетот“, но при преобјавувањето на делото, самиот Гомбрович го променил насловот во „Бакакај“, според називот на улицата на која живеел во Буенос Аирес. Читањето на овие раскази дава поим за литературното мајсторство и за оригиналната опсервациска замисла на авторот и го олеснува разбирањето на неговите подоцнежни дела. Расказите во „Бакакај“ го откриваат фасцинантниот свет што го создал Витолд Гомбрович, еден од најважните и најдобрите писатели на дваесеттиот век. Во бизарните, фантастични и комични раскази, неговите ликови стануваат дел од модерното време, тие сонуваат, патуваат, лудуваат… Во „Бакакај“ се претставени луѓе од соседството во театрален секојдневен апсурд, во кој се можни и најфантастичните мисли и случки.

,
Сподели

Автор: Витолд Гомбрович
Издавачка куќа: Бегемот
Број на страни: 274
Година на издавање: 2018
Оригинален наслов: Bakakaj

Questions and Answers

You are not logged in