Џон Стајнбек – Глувци и луѓе

200,00 ден

Глувци и луѓе е приказна за двајца осамени и отуѓени работници, кои во времето на Големата депресија во потрага по работа талкаат по прашливите зеленчукови полиња на Калифорнија и прифаќаат ангажман секогаш кога можат, живеејќи од ден за ден.
Лени е нежен, огромен и физички силен, но ментално заостанат. Џорџ, „мал, брз и со темно лице“, го штити и го води Лени, но истовремено и зависи од неговото пријателство. Заедно сонуваат еден ден да поседуваат парче земја и колиба што ќе биде само нивна.
Џорџ и Лени се, всушност, изгубените глувци во лавиринтот на модерниот живот. Наивни луѓе чијшто свет се руши кога ќе се соочат со реалноста во која доминираат материјализмот и алчноста. Нивните надежи за остварување на американскиот сон брутално ќе бидат уништени со трагичниот инцидент, кој ќе ги направи аутсајдери во општеството што засекогаш ќе им остане туѓо.
Стајнбек со навидум едноставен, а сепак полн со значења јазик ги опишува природата, луѓето и релациите што тие ги создаваат. Тој е автор со силно развиено чувство за психолошко нијансирање, создавање напнатост и драмски ситуации. Поради сето ова, Глувци и луѓе спаѓа меѓу најдобрите куси романи во американската книжевност на сите времиња.

Михаил Булгаков – Белата гарда

300,00 ден

елата гарда е роман за снежниот Киев зафатен од домашната војна. Тоа е роман за машкото пријателство и братската љубов; исто така за радоста, еуфорична и погубна, што им се случува на младите луѓе во предвечерието на битката, додека никој сѐ уште не загинал и никој не се свил во клопче за време на преслушувањето. Најпосле, романот е ода во чест на Градот – градот на кој авторот му изразува толкава чест што неговиот назив ниту еднаш не го споменува во своето дело.

Белата гарда е делото сокриено некаде по патот на светската литература на кое наидуваат новите поколенија читатели восхитени од Мајсторот и Маргарита. А, сепак, Белата гарда е голем роман – најтипичен за Булгаков, а сигурно највкоренет во неговиот живот. Мајсторот и Маргарита е роман создаден од неговата визија, верата и стравот: Белата гарда е исткаен целосно од неговите спомени.

Миљенко Јерговиќ – Рута Таненбаум

400,00 ден

Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е прониклива студија на загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев.

Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот толку има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата “. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.

Миљенко Јерговиќ – Бјуик Ривера

350,00 ден

Романот „Бјуик Ривера“ е објавен во 2001 година и е преведен на десетина јазици. Според него, Горан Рушановиќ има снимено истоимен филм, кој беше апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал во 2008 г. Романот на Јерговиќ не е книга за автомобилот како фетиш, за патолошката љубов на човекот кон него. Тоа е само лајтмотив за една приказна за Босна, за нејзините топли, а навидум крути луѓе, за нивните болни искуства и проклето несреќните судбини, за судирот на босанската мекост и простодушност со студениот, пресметлив и прагматичен свет на современата Америка, за проблемите во разбирањето меѓу тие две толку различни култури, за судирот на западната прагматичност и босанската импулсивност, за примитивниот страв од секоја другост…

Маргарет Атвуд – Алиас Грејс

600,00 ден

1843 година – Грејс Маркс е осудена на соучество во бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка. Одлежувајќи ја доживотната казна, тврди дека целосно го загубила сеќавањето. Некои сметаат дека Грејс е невина, ангажираат за помош специјалист за ментални болести. Докторот ја ислушува приказната на Грејс, се повеќе приближувајќи ја до денот што таа не го памети. Какви спомени ќе успее да евоцира? Дали Грејс навистина извршила убиство? Маргарет Атвуд создава – врз основа на вистинската приказна на една од најзагадочните и најпознати жени од XIX век – восхитувачка, потресна и вознемирувачка приказна за сексуалноста, свирепоста и таинственоста.

Џозеф Конрад – Пред западни очи

600,00 ден

„Пред западни очи“ е психолошко-политички роман за фаталната игра на човекот со судбината во вителот на големите историски собитија. Запи- сите на студентот Кирило Сидорович Разумов и односите на руската политичка емиграција во Женева ја изложуваат пред погледот на еден прис- тар Англичанец, наставник по јазици, стварноста на судирот меѓу безочното руско самодржавие и насилното револуционерно движење на почетокот од XX век. Таа бурна претстава не се одигрува на големата, општонародна сцена, туку се открива низ нешто многу посуштествено – низ психолошката драма на поединецот. Џозеф Конрад, кој е познат како маринист и автор на авантуристички романи, овде се зафаќа со „руската тема“, односно со специфичниот однос на Русите кон јазикот, кон слободата, кон власта, кон метафизичкото, обидувајќи се притоа да се загледа во магливите длабочини на руската душа. Се служи со архетипски слики, но и со современи- те политички идеи и настани, за да создаде ком- плексна фабуларна заднина, врз која ќе го осветли и истражи осамениот човек – неговата неразбра- ност од околината, неговите стремежи и внатреш- ни превирања, како и неговата нужна трагичност во неподносливата тензија на световите и светогле- дите. Романов е напишан во зенитот на творечкиот пат на Конрад и во него силно се пројавува авторо- вото стилистичко мајсторство и вештината за пси- холошко нијансирање. Книгата била голем умет- нички и психолошки предизвик за самиот Конрад, кој се борел со тегобноста на задачата, на сметка на своето ментално здравје. Освен проникнувањето во историјата и современоста на царска Русија, овој роман се покажал и како релевантен поглед кон иднината, откако некои негови спекулации се оствариле по Октомвриската револуција.

Владислав Рејмонт – Ветената земја

700,00 ден

„Ветената земја“ е панорамски роман за раѓањето на еден индустриски град. Трогателна слика за бруталните почетоци на капитализмот во срцето на Европа. Фабрики, пожари, беда и лукавство. А среде индустрискиот налет – големи планови, заеднички интереси и пријателство. Нобеловецот Рејмонт со неверојатен раскажувачки размав ги фабуларизирал опсервациите што ги правел во 1896 година во Лоѓ, во тоа време индустриски град што динамично се развивал, мелејќи ги реликтите од одминатите времиња во својата циглена утроба: селото, аристократијата, чесноста, спокојот и префинетите манири. Главниот јунак на романот е токму градот – немирниот град-свет, преплетен од различни култури и карактери, жесток кон послабите, а наклонет кон посилните и одлучните. Богатството е на дофат, а челустите на бедата безмилосно ги докрајчуваат оние што потклекнале со телото или со духот. Во општиот маскенбал, среде сеприсутниот шкарт и вредно колекционираното ѓубре, лежат длабоко погребаните вистински човечки мечти, зраци светлина што продираат низ слоевите нечистотија. Дали „машинската“ стварност на ветената земја е благослов или, поскоро, проклетство? Каде плови оваа џиновска лаѓа и за кого има место на палубата?

Сашо Огненовски – Турнеја

250,00 ден

Малку се делата во македонската литература, чиј тематски интерес е театарската уметност. Исто така, малку се и оние чија жанровска определба е сатирата. Романот „Турнеја“ ги има и двата прерогативи: неговата тема е театарот и неговите болни точки, неговите постојани страдања од социјални, но и од политички аспекти. Романот „Турнеја“ е посветен на мрачните и деструктивни атаци од кулоарите врз егзистенцијата на самата институција, на она што е секогаш плевел не само во театарската уметност, на болните висури како што се дезинформацијата и квазиинтелектуализмот. Сместена во блиска иднина, оваа приказна за огромната турнеја што постојано ја растураат настани што не се од уметничка природа, возбудува, но и поучува. Конечно, оваа тензична приказна во која театарот е распнат помеѓу желбата за надмоќ и она што значи уметничко дело е огледало на оние состојби што се случуваат зад сцената, надвор од институцијата или, можеби, во некакви други простори, кои, за жал, определени како примарни, ѝ ја потпишуваат смртната казна на оваа синтетичка и исклучително интересна уметност.

Васил Тоциновски

Маргарет Атвуд – Приказната на робинката

600,00 ден

„Тонам длабоко во своето тело како во бара, мочуриште, во кое само јас знам каде да стапнам. Предавничко тло, моја територија. Станувам земјата на која го ставам увото за да ги слушнам озборувањата од иднината.“ „Јас сум облак, згуснат околу еден средишен предмет во форма на крушка, којшто е цврст и повистинит од мене и руменее внатре во својата проѕирна обвивка. Внатре има простор, голем како небото; ноќе, темен и кривулест, повеќе црвено-црн одошто црн. Точките светлина набабруваат, болскотат, прскаат и свенуваат во него, безбројни како ѕвездите. Секој месец се појавува месечина, огромна, тркалезна, тешка, зол предзнак. Преминува, застанува, продолжува и заминува, а јас го гледам очајот како доаѓа кон мене како глад. За да се почувствувам толку празна, повторно, повторно. Си го слушам срцево, бран по бран, солен и црвен, продолжува и продолжува, го означува времето.“

Маргарет Атвуд – Завети

700,00 ден

„Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“