Норвешките автори во последниве години наидуваат на одличен прием кај МАКЕДОНСКИТЕ читатели. Современата норвешка литература е крајно возбудлива, а меѓу имињата кои оставија длабок впечаток секако е Ларс Соби Кристенсен, кој со неговата книга „Полубратот” ја воодушеви читателската јавност. Навраќајќи се кон неговата богата библиографија, сметавме дека вредна за превод е наградуваната книга со индикативен наслов „Битлси“, за која сме сигурни дека ќе има уште поголем интерес. Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не’ навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен.
Бојан Бабиќ – Илегален Парнас
250,00 денГлавниот јунак на романот, провинциски архитект кому локалните безделничари му го даваат подбивниот прекар Курвазје, се обидува во родниот град М. да го изгради Парнас – комплекс градби сочинет од копии на делата на славниот архитект Ле Корбизје – културен центар каде што уметниците треба да се собираат и да работат на своите дела. Многу бргу се соочува со арогантноста на локалните политичари, заткулисните дејства на тајкуните и цела низа опструкции, типични за една темелно девастирана средина. Препуштен сам на себе и на својот идеализам, младиот архитект се обидува да го доврши своето животно дело, да го изгради она за што отсекогаш сонувал. Не сфаќајќи колку неговиот потфат е неостварлив, сместен во затворска ќелија, Курвазје запаѓа во сомнабулна состојба каде што се мешаат јавето и сонот, а неговиот свет сѐ повеќе станува фантазмагоричен и сеништен.
Бојан Бабиќ (Белград, 1977 г.) досега објавил девет книги поезија, кратки раскази и подолги прозни форми. За омнибус-романот „Девојчиња, бидете добри“ е награден со стипендија на „Фондот Борислав Пекиќ“. Израснал во Младеновац. Живее и работи во Земун.