Како и претходните негови книги, штом излезе од печат, и збирката раскази „И сè стана месечина“ на Георги Господинов стана најпродавана во Бугарија.Таа содржи деветнаесет приказни пишувани во последниве години, некои од нив веќе објавувани во разни светски антологии, а сега спакувани во еден книжевен простор. Според авторот, тие имаат заедничка атмосфера и ги поврзува заедничка логика. Збирката започнува со расказот „Осум минути и деветнаесет секунди“. Тоа е времето на патување на светлината од Сонцето до Земјата. Но тоа може да е и времетраењето на читање на секоја поединечна приказна. Обидете се, уживањето е само пријатна последица, затоа што Господинов знае со зборовите. Тој ги припитомува и оживува, за потоа врз нас да истури мноштво од различни емоции. Маестрално!
ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф
300,00 денВирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.