Али-кан е исламско момче од Азербејџан, исполнето со страста на своите предци кон пустината и воените легенди. Неговата љубовница Нино, преубава христијанка од Грузија, е девојка со европски сензибилитет. Наспроти забелешките на нивните родители, како деца стануваат многу блиски, а подоцна и љубовници кои своите денови ги поминуваат на бреговите на Каспиското море во Баку. Меѓутоа, токму тука во градот, каде што се судираат две различни цивилизации – Истокот и Западот, нивните разлики стануваат с$ поизразени. Подоцна, тие неизбежно стануваат учесници во случувањата околу Октомвриската револуција и Втората светска војна. Така двајцата мораат да се спротистават на раздвоените светови и на своите внатрешни пориви.
“Кога ќе го прочитате овој роман, ќе почувствувате како да сте пронашле загубено богатство… ова е еп за различните култури, кој и денес е актуелен.”